Серхио Рамос е позитивен на коронавирус, објави денеска Реал Мадрид.

После Рафаел Варан, кој го пропушти првиот натпревар со Ливерпул поради коронавирусот и нема да игра ниту на вториот, сега и капитенот на Реал е заразен.

Тие вести нема да имаат големо влијание врз изборот на тимот на Зидан, бидејќи Рамос секако е надвор од игра поради повреда.

Реал во среда оди на гостувањето во Ливерпул на „Енфилд“ во четврт-финалето во Лигата на шампионите за одбрана на предноста од 3: 1 од првиот натпревар.