Лидерот на опозицијата на денешниот брифинг со новинарите истакна дека седница за петтиот сет антикризни мерки би можело да има во вторник доколку утре се постигне некаков договор на работните групи за законот за државјанство.
За ВМРО-ДПМНЕ, како што кажа на средбата со новинарите Мицкоски, е неприфатливо компанијата „Bechel – ENKA“ да го догради Коридорот 8, за што вицепремиеро Артан Груби потпишал необврзувачки меморандум. Сметаат дека ваков каков што е овој договор е коруптивен и премногу ќе ја чини државата. Необврзувачкиот договор е потпишан за изградба на патот Гостивар – Кичево и Струга Ќафасан, како дел од Коридорот 8. Мицкоски посочи дека за оваа компанија и лица поврзани со автопатишта веќе се отворени случаи во Хрватска и во Косово.