Четири години Филип Темелковски нема мрднато со прст за Кисела Вода, четири години немаме ниту еден капитален проект. Во очи на предизборието се фалат со еден и единствен проект кој Шилегов во четири години не успеа ни да го доврши за нашата општина.

Во 21 век имаме делови на Кисела Вода кои се уште немаат канализација и вода за пиење, како да се работи за некое село во 19 век, а не за урбана општина, дел од градот Скопје.

Темелковски се што направи е две улици кои ги премачка со асфалт, чија дебелина не е ниту 3 цм. Дури и тоа што сакал да го направи го прави неквалитетно и фушерски, па гледаме како се распаѓаат асфалтот и ивичњаците.

А како би работел нешто Темелковски, кога е насочен на насилна бетонизација на населбата Расадник?

Кисела Вода е претворена во алатка за профит на мала група фотељаши, а не општина која служи како сервис на потребите и барањата на граѓаните.

Затоа се потребни итни и неопходни промени.