Заев и Филипче ниту тестираа, ниту вакцинираат, народот е оставен сам на себе, наместо во сопствената држава се вакцинира во соседството.

Од почетокот на пандемијата до денес по неколку дена се чека за тестирање. Често додека да се тестира човек тој веќе е во понапредна фаза на заразата.

Болниците се преполни, а менаџментот не ефикасен. Видовме слики од болници, каде болни лежат до мртви, а други пациенти примаат инфузија во болнички двор.

Сега кога цел регион и цел свет се вакцинира, власта има купено само 3000 вакцини, се друго до сега е донација. Најавите за големи количини на вакцини уште остануваат само најави.

Земјите од соседството веќе имаат и по скоро 50% од населението вакцинирано, Заев и Филипче и докторите ги вакцинираа со донации.

Власта потфрли во целост.