Заев и Филипче се на страна на вирусот, со ненабавување на вакцини ќе имаме повеќе заразени и умрени.

Денеска е 17 април, а Заев и Филипче имаат купено и донесено само 3000 вакцини. Сите други вакцини кои стигнаа беа донации.

Македонија касни со вакцинацијата 4 ипол месеци, тоа се 4 ипол месеци за време на кои се заразија десетици илјади, а починаа над 1.800 луѓе. Сите тие или немаше да се заболат или сега ќе беа живи доколку Заев и Филипче навремено набавеа вакцини.

Срамно е што Заев и Филипче уште седат во влада. Да имаа грам совест ќе си дадеа оставки одамна.