Мрзеливиот Петре Шилегов да не се крие и да излезе да го каже својот став во врска со висококатниците спроти хотелот Холидеј Ин.

Целата јавност се крена по прашањето на бетонските градби кои треба да никнат во центарот на Скопје, а градоначалникот на градот нема став, и се надева дека никој нема да го праша.

Ветуваа стоп за бетонизација, ронеше крокодилски солзи во опозиција, а сега молчи за високактниците кај Холидеј Ин.

Нели СДСМ и мрзеливиот Шилегов ќе ја спречуваа бетонизацијата на Скопје и неконтролираното градење без запазување и заштитување на животната средина?

Дали мрзеливиот Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, е за изградбата на бетонските висококатници спроти Холидеј Ин или е против?

Кој е ставот на Шилегов? Дали молчењето на Шилегов скопјани треба да го сфатат како одобрување за бетонските висококатници спроти Холидеј Ин?

Доколку мрзеливиот Шилегов е за изградба на висококатниците чесно е да го каже својот став. Скопјани заслужуваат да знаат.