Го повикуваме градоначалникот Ивица Димитров да одговори дали вчера во својство на ОСОМНИЧЕН се појави во просториите на Основното јавно обвинителство во Кочани?
Доколку не се појавил го советуваме да го оправда неговото отсуство, во спротивно согласно Член 157 од Законот за кривична постапка ќе биде приведен!
Воедно, како татко на градот и во име на отчетноста и транспарентноста за кои се залагаше пред да биде избран за градоначалник, да одговори пред граѓаните на општина Виница и на следните прашања!
Зошто му се товарат делата "Несовесно работење во службата" и "Злоупотреба на службената положба и овластување", кривични дела според Член 353 од Кривичниот законик?
И дали и за колку го оштетил Буџетот на општина Виница, поради што се и поднесени КРИВИЧНИТЕ пријави против него?