Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по кршењето на Законите и здравствените протоколи од страна на власта во услови кога опозицијата најави поддршка за петиот пакет мерки, преку својот фејсбук профил го повика Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски да „бекне нешто“

Инаку, овој негов повик кореспондира со славната реплика од филмот Тетовирање - бекни бе нешто ќе ми снема лента преку која алудира на апсурдноста во македонскато општество исто како што е интервјуто во затворската ќелија на Илко, кој е уапсен поради „празниот куфер“.

- Претседателе Пендаровски, доста се криеш, бекни нешто. Застани зад правото, законите и Уставот. Тоа што Заев дозволил да биде заложник на Талат Џафери, тоа што пратениците од СДСМ одлучија да бидат слуги на инаетот и фрустрацијата на еден човек, нека биде нивен срам, ти имаш можност барем еднаш да покажеш дека си достоен за функцијата која ја извршуваш и не ги потпишувај законите кои се резултат на оваа седница.

Пратеничката група на коалицијата за Обнова на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави за сите оние кои денес го прекршија законот поради инаетот и фрустрацијата на еден човек, а обвинителството има можност првпат да покаже дека не се робови на Зоран Заев и владиното мнозинство.

Правда ќе има со ова или некое друго ослободено обвинителство. Сторителите ќе одговараат, Ви ветувам лично дека тие ќе одговараат од прв до последен.