📌 СДММ поднесува иницијатива до Собранието на Република Македонија за измени на законот за субвенциониран студентски оброк кој никогаш не профункционира поради нивната неспособност и нефункционалниот систем на МОН. Постојното законско решение беше донесено на почетокот на 2020 година со консензус на сите заинтересирани страни и партии.
📌 Зошто постојното законско решение е невозможно да се имплементира? Има ли некој студент кој искористи субвенција од 120 денари за студентски оброк? Има ли угостителски објект кој досега послужил студентски оброк? Зошто не излезе МОН да објасни каде и што е проблемот и зошто се неопходни измените? Двајца министри за образование се сменија (по еден од ДУИ и СДСМ) и заклучокот е не сте способни да воспоставите систем.
📌 Да бидеме искрени, на никој од СДММ не му текнало дека треба измени на законот, туку ова е резултат на немањето храброст на Мила Царовска да каже дека неможе да го имплементира постоечкото решение.
📌 Актуелни прашања на кои се уште нема одговор: Дали МОН знае колку од студентите следат настава❓ Дали имаат неопходни технички средства❓ Како МОН им помогна на тие што немаат услови за следење на он лајн настава❓
📌 Доколку СДММ навистина има желба да го подигне студентскиот стандард, тогаш зошто после 4 години владеење нема прашано каде е студентскиот град, зошто не е зголемен опфатот на стипендии, зошто го укинавте бесплатниот воз за студенти.
➡️ Да бидеме реални, гајле ви е вас за студентите. :)
➡️ На студентите во следната академска година им е потребна нормална настава,наспроти постоечката онлајн која не гарантира квалитетно образование.