Срамота е дента кога стотици угостители протестираат пред Министерство за финансии, СДСМ се фали со економски мерки.
Стотици угостители и илјадници вработени на кои им виси платата и работното место се на раб на опстанок и сето тоа е вина на Заев и задоцнетите мерки.
60.000 луѓе останаа на улица. 6.200 фирми се затворија. Изминатиов период заради неспособноста на власта беше буквално гилотина за економијата.
И додека стопанството тоне, Заев вози мотори, лета на хеликоптери, а шоферот на неговиот братучед превезува дрога.
И како ваква власт да донесе мерки и позитивни резултати. Таа може да не однесе само во врвот на светските листи во корупција и криминал.