Фудбалската федерација на Германија (ДФБ) повика денеска на 12-те клубови од Супер лигата да бидат исклучени од сите натпреварувања.

-Клубовите, вклучувајќи ги и нивните екипи во младинските категории, треба да бидат исклучени од сите натпреварувања, сè додека не размислат за многубројните навивачи, кои од нив направија гиганти во светскиот фудбал, изјави претседателот на ДФБ Фриц Келер.

Претходно, ДФБ, како и многу други национални федерации, изрази недвосмислена поддршка на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) против новоформираната Супер лига.

Келер наведе дека формирањето Супер лига од затворен тип е одраз на себичноста на 12-те клубови кои застанаа зад проектот, додавајќи оти таквото натпреварување нема никаква врска со фудбалот.