Американската банка „Џеј Пи Морган“ призна денеска дека „очигледно лошо го проценила“ проектот европската фудбалска Супер лига, што сакаше да го финансира, но идејата пропадна неполни 72 часа откако беше објавена.
-Очигледно е дека лошо проценивме како таа операција ќе биде разбрана во светот на фудбалот во поширока смисла и влијанието што би го имало во иднина. Од тоа ќе извлечеме поука, соопшти банката.
Супер лигата ја напуштија десет од 12 екипи основачи, а зад проектот останаа уште две шпански екипи – Реал Мадрид и Барселона.
Првиот човек на Реал, Флорентино Перез, изјави вчера дека проектот не е мртов, туку, засега, е во мирување.