Финалниот натпревар во националниот фудбалски куп на Германија, втора сезона по ред поради пандемијата на коронавирус, ќе се игра пред празни трибини, соопшти денеска Германската фудбалска федерација (ДФБ).
Финалето е закажано за 13 мај на Олимпискиот стадион во Берлин.
– Поради мерките кои се во сила во градот домаќин на финалето, невозможно е да се бара присуство на навивачи на стадионот, се наведува во соопштението на ДФБ.
Првиот финалист ќе биде познат на 30 април кога Вердер игра против Лајпциг, додека следниот ден е втората полуфинална пресметка меѓу Борусија Дортмунд и второлигашот Кил.