Реал Мадрид со рекордни 13 европски титули, во вторник го пречекува Челзи во полуфиналето во Лигата на шампиони во време на тензични односи со УЕФА и закани од нејзиниот претседател Александар Чеферин за можно исфрлање на „кралскиот клуб“ поради формирањето на Супер лигата.

Одговарајќи денеска на прашање на прес-конференција, дали очекува УЕФА за натпреварот во вторник да делегира судии, кои ќе судат на штета на неговиот клуб, тренерот на Реал Зинедин Зидан рече дека не верува во такво сценарио.

– Не сум загрижен поради судиите во претстојните полуфинални натпревари во Лигата на шампиони. Изминатите денови можевме да слушнеме многу работи за сè и сешто, но уверен сум дека судијата, какои секогаш, ќе работи во корист на фудбалот, изјави Зидан.