Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави линк од анализа на угледниот The New York Times во кој според податоците Македонија е најлоша во Европа и меѓу најлошите во светот во справувањето со ковид кризата.
- The New York Times објавува дека Македонија е најлоша во Европа и меѓу најлошите во светот во справувањето со Корона кризата. Смртноста е огромна. Владата ја интересираа провизии, кога требаше да се вакцинира, сега нема концепт како да изврши масовна имунизација. Народот умира поради неспособноста на оние кои ја водат Владата. Прашањето не е дали, туку кога точно, а нашата борба е тоа да биде час поскоро, одговорност мора да има, пишува Мицкоски.