Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев преку социјалните мрежи ја коментира иминузацијата на пратениците, велејќи дека доколку тој бил пратеник вакцината немало да ја прифати во овој момент, и дека истата ќе му ја отстапел на некој на кого навистина и многу повеќе му е потребна.
- Не е во ред пратениците да добијат привилегија меѓу првите да се вакцинираат. Ако ја добијат, тогаш треба да ја одбијат. Имам разбирање ако се вакцинира пратеник над 65 години, со хронични заболувања, исто како другите граѓани. Не е во ред да се вакцинира некој пратеник со 27, 30 или 40 години, во добра здравствена состојба. Фијаското на Владата и министрите со вакцините е огромно, а последиците се илјадници загубени човечки животи. Тоа е нивниот срам и дебакл. Ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот. Секој носи своја лична одлука, а јас го кажав моето лично мислење – вели Ѓорчев.