Полковникот Драган Ковачки на својот фејсбук профил ја коментира објавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека Независниот синдикат на одбраната добиле канцеларија во зградата на ГШ на АРМ.

- Честитки! Успеавте!

Варосавте една канцеларија во зградата и од тоа правите ПР.

Читајќи го постот на се' уште актуелниот министер за одбрана, човек да помисли дека ја препородила АРМ.

Ми фати око делот каде кажува дека исправила многу неправди. Додека другите се мислат кои прашања да и' ги постават на Шекеринска поврзани со нејзината правда, еве јас во заедничко име јавно ќе поставам неколку прашања:

1. Правда ли е кога во министерството со кое раководи има офицери со највисоки чинови кои се избркани од канцеларии и им се одземени клучевите од истите?

2. Правда ли е кога во министерството со кое раководи има офицери со највисоки чинови на кои намерно им ги изгаси началничките места?

3. Правда ли е кога министерството со кое раководи има лица кои се унапредени во највисоки чинови а истите немаат поминато физички проверки со години наназад и не можат да истрчаат ниту по 500 м?

4. Правда ли е да потпишеш Решение за испраќање на лице во НАТО мисија како возач а да претходно не е спроведена дообука согласно Упатството? Правда ли е ако тоа лице е сестрата на државниот секретар во министерството?

5. Правда ли е министер за одбрана да гази на гробовите на паднатите во 2001 и гордо да се слика со амблем на УЧК?

6. Правда ли е кога министер за одбрана седи на вечера со специјален јавен обвинител и рекетар во лежерна атмосфера и не чуствува никаква морална и друга одговорност и се' уште е министер? ......

Г-ѓо Шекеринска, Вашата диригирана правда е надалеку позната.

Се надевам дека наскоро ќе имате можност и Вие и македонската јавност да бидете сведоци на вистинска борба за право и правдина, коментира Ковачки на објавата на Шекеринска.