Џафери вечерва тврди дека Караџовски извршил измена на протоколите и дозволил позитивни пратеници да присуствуваат во собрание.
Караџовски нема правен основ за да изврши промена на протоколите.
Јавно повикуваме Цафери јавно да го објави документот врз основа на кој Караџовски дозволил слободно движење на пратениците и ослободување на протоколите?
Да се дозволи јавен увид доколку постои таков документ кој би бил правен преседан. Каков е тој документ со кој се суспендираат законите на неколку часа?
Дали со ова Џафери призна дека Караџовски направил фалсификат документ или пак таков документ не постои. Караџовски и Џафери треба да одговорат која е вистината. Или Џафери лаже, или Караџовски крши закони.