Центарот за комуникации на СДСМ со нивниот шеф Зоран Заев се подлабоко тонат во своите лаги.
Изминативе години не научија дека сто пати кажана лага не станува вистина.
Граѓаните увидоа што донесе долговетуваниот „живот“ на Зоран Заев. Граѓаните добија само преживување од ден за ден.
Освен што над 60.000 граѓани останаа без работа, околу 6.200 компании се затворија, над 500.000 жители живеат со едвај 130 денари на ден, правдата изумре со доаѓање на СДСМ на власт.
Освен криминали на Заев и мафијата, компании и инвестиции државата не виде.
Сидрото на Заев Македонија не ја влече напред како тој што љубеше да говори, туку се повеќе тоне во мрак и сиромаштија.
Денешниот протест е само еден од низата кои што ќе му се случуваат на Заев секој ден, граѓаните се повеќе ќе излегуваат на улиците низ државата и ќе си ги бараат своите права.
Виновникот има име и презиме, а тоа е Зоран Заев.