Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека напаѓачот Златан Ибрахимовиќ ќе го пропушти утрешниот натпревар со Лацио во Серија А.
– Тој се чувствува малку подобро, но не е подготвен за утре. Може да се врати на следниот натпревар, против Беневенто. Или Манџукиќ или Леао можат да играат напред, Марио се чувствува добро и ги има потребните карактеристики што ќе ни помогнат во противничкиот шеснаесетник, додаде тренерот.
Натпреварот Лацио – Милан е важен за двете екипи во обидот да изборат пласман на едно од првите четири места во Серија А, а со тоа и пласман во Лигата на шампионите следната сезона.