Тренерот на Барселона, Роналд Куман како голем чекор кон трофејот ја оцени денешната победа над Виљареал со 2:1 во 33. коло од шпанската Ла Лига.

– Ова е голем чекор кон титулата. Секоја победа е чекор напред. Секој натпревар е тежок. Добро реагиравме по примениот гол, создавајќи шанси. На крајот бевме уморни, но добро се браневме. Понекогаш треба добро да се испотиш. Противникот може да биде добар и да ви застане на патот. Не бевме нервозни по примениот гол. Отсекогаш сум имал респект кон Гризман. Тој работи на ефикасност, а денес беше клучен играч за „кам-бекот“. Ова влева доверба и кај него и кај нас. Потребни ни се играчи како него, изјави Куман.

Холандскиот тренер очекува неизвесна борба за трофејот во последните пет кола.

– Кога заостанувате зад конкурентите, треба да одите од натпревар во натпревар. Нека одигра вечер Атлетико, а потоа ќе видиме. Ќе биде интересно и неизвесно до самиот финиш, додаде Куман.

Атлетико Мадрид е лидер во Ла Лига со 73 бода од 32 натпревара, Реал Мадрид е втор со 71 бод од 33 натпревари, Барселона е трета со 71 бод од 32 натпревара.