Граѓаните на Република Македонија повеќе не можат да ги издржат неправдите и притисоците од страна на СДСМ. Вчерашниот протест ја отсликува реалната ситуација во земјата, а тоа е дека времето на СДСМ полека му изминува. Токму поради тоа Заев и неговите сопартијци се во страв и во паника.
Народот кој вчера беше разлеан по улиците, покажа пркос и незадоволство поради неправедно осудените уставобранители од 27-ми април, но и незадоволство поради политичкиот прогон кој СДСМ го демонстрира дури и кон најобичните граѓани.
ВМРО-ДПМНЕ нема да запре во борбата за ослободување на Република Македонија од тиранијата која СДСМ ја спроведува во државата речиси пет години. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе ја добијат оваа битка, а потоа секој функционер од сегашната власт ќе одговара за секое кршење на Уставот и законите во државата.
Луѓето кои на 27-ми април беа присутни во Собранието на Република се родољуби и патриоти. ВМРО-ДПМНЕ дава целосна поддршка кон уставобранителите и ќе се бори за нивна слобода.
Граѓаните на Република Македонија нема да дозволат уште поголемо урнисување на државата и системот од страна на оваа ненародна власт.
Борбата продолжува!