Секој кој малку ќе му се спротивстави или нема да се согласи со неговите ставови, се наградува со разрешување од функција или пак елиминација при партиските конкурси. Ова е начинот на кој Зоран Заев ја демонстрира демократијата во Република Македонија, но и во партијата каде тој се уште е самопрогласен претседател.

Граѓаните сведочеа на дузина случки каде што Заев ги разрешуваше сите оние кои не му одеа по ќеифот, а деновиве актуелна беше темата со разрешувањето на Стојко Пауновски од директорската позиција на Државниот пазарен инспекторат.

Денес повторно слична случка овој пат поврзана со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски кој бил елиминиран од врвот на партијата за кандидирање на член на новиот Централен одбор на СДСМ. Ова е доказ дека секој кој малку ќе му го наруши комодитетот на Заев, треба во најбрзо време да очекува санкција или разрешување, односно одмазда.

Додека Спасовски, Рашковски, Дончев, Димова и уште голем број функционери беа вмешани во тешки криминали, не одговараа за тоа и при тоа продолжуваат да споменуваат демократија и спречување на корупција во државата, Димитриевски и Пауновски ќе бидат колатерална штета. Дали овие случаи се показатели за тоа дека Заев ги штити криминалците, а чесните ги пушта низ вода?!

Повеќе од јасно е дека стравот и паниката владеат во СДСМ и кај Зоран Заев. Ваквите реакции од негова страна се показател за безидејноста и крајот кој ги очекува многу бргу.