Реал Мадрид стравува од одмазда од Европската фудбалска федерација поради учеството во Суперлигата.

Според „Ел Чирингито“, во таборот на „кралевите“ постои загриженост за можниот притисок од судијата Дени Мекели во полуфиналето во Лигата на шампионите против Челзи.

За потсетување, натпреварот Реал Мадрид – Челзи ќе се одигра утревечер од 21 часот.

Мадридскиот клуб официјално не се повлекол од Суперлигата, а нивниот претседател Флорентино Перез, е еден од иницијаторите за проектот Суперлига кој беше објавен на 19 април, а стопиран два дена подоцна.