Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.05) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 118 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон и 39 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
05/05/2021 11:59