Движењето Беса стана структура која работи на семејна, кланска и регионална основа, не се почитува ниту еден партиски орган, а особено не се слуша гласот на младите и младинскиот форум на партијата, затоа, по осум месечни обиди за промени во партијата, денеска донесов одлука да поднесам неотповиклива оставка од сите позиции во Беса – од функцијата лидер на Младинскиот форум на партијата, од функцијата член на Централното претседателство на Беса и од другите органи и комисии, изјави за МКД.мк Лиридон Усеини.
Можеби на многумина им е нелогично да се откажеш од владејачка партија, но тука сакам да потсетам дека се соочив со дилемата – да го зачувам достоинството или да ја прифатам неправдата и да ги затворам очите. И бидејќи претседателот на Движењето Беса не сакаше да ги слушне забелешките на младите артикулирани преку мене, па дури и не се согласи да се сретнеме, а јас не можам да ги измамам членовите на Младинскиот форум на Движењето Беса, тука заврши мојот однос со Движењето Беса, пишува во оставката на Усеини.
Целиот текст може да се прочита на Мкд.мк