Економијата на чело со Зоран Заев и неговиот неспособен економски тим континуирано бележи падови. Индустријата тоне, угостителите се на работ на егзистенција додека секоја стопанска гранка е пред колапс.
Мерките на Заев и власта не дадоа ефекти и тоа е повеќе од јасно. Над 60.000 граѓани ги загубија своите работни места. 6.200 фирми ставија клуч на врата поради неспсобноста и некадарноста на кадрите на СДСМ и Заев. Економијата ги бележи своите најлоши денови токму поради елементарната непогода наречена Заев која ги кошта македонските фирми и граѓани и животи и работни места.
Токму поради катастрофалните економски политки и задоцнетите мерки сиромаштијата секојдевно расте. Така над половина милион граѓани во државата живеат со 2 евра на ден.
Македонските граѓани со економските политики и мерки на Владата на Зоран Заев немаат никаква сигурност. Граѓаните не земаат редовно плата, не примаат никаква помош и се злоупотребени на секаков начин. А, дека економските политики на власта се катастрофални говори и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65% од бруто домашниот производ.
Ова е најнеспособната економска влада во Република Македонија. Секојдневно се затвораат фирми, стотици луѓе ги губат своите работни места, а криминалците од власта мислат само на тендери, криминал и лично богатење.
Со Зоран Заев и СДСМ имаме само уназадување во економијата. Власта на Заев е насочена кон лично богатење, корупција и криминал. Власта на Заев не е насочена кон спас на економијата.