Вчера во 12:30 часот во СВР Битола, М.С.(49) од Битола пријавила дека на 8 мај 2021 во 18 часот, малолетник влегол во просториите на музејот во Битола и од музејска поставка во посебна просторија одзел револвер, непозната марка.
По преземени мерки, револверот е пронајден, одземен од Б.Ј.(37) од Битола и вратен на пријавителот. По документирање на случајот ќе следува поднесок.