Срамота е што двајца градоначалници, и премиер се појавија на секундарна улица од 2 километри кои ја градат и се уште не е завршена цели 2 години.

Уште поголема срамота е што улицата не е во надлежност ниту на Шилегов ниту на Заев, но тие се појавија да се сликаат со градоначалникот Богдановиќ.

Додека го правеа изборниот популизам Шилегов не кажа ниту збор за тоа што компанијата на зетот на неговиот секретар на градот добила 4 милиони евра државни тендери, тоа што градот Скопје плаќа дупло поскапа противпожарна скала од таа во Загреб и тоа што државните субвенции за инвертер клими постои основано сомнение за проневера на пари и делење по партиски клуч.

Најголем срам е што Шилегов ветуваше подземни булевари, дупли кружни текови, тунел под Кале, а денес се фали со работа на општина Центар за уличе од 2 километри.

Тоа значи дека мрзливиот Шилегов освен тендери ништо друго не сработил.

1500 улици во Скопје, а тие се фалат со 2 километри тазе асфалт, дно.