Со одигрувањето на натпреварите од последното 33.коло викендот беше заокружена уште една сезона во Првата македонска фудбалска лига. Нов шампион е Шкендија од Тетово.

Но за нив како да не важат мерките и протоколите. Прво навивачи влегоа на стадионот во Тетовото, што согласно мерките не е дозволено а се славеше и по завршување на средбата со Шкупи, а потоа до доцна во ноќта. Од МВР најавија кривични пријави за тие што биле присутни на натпреварот но во јавноста не изнесоа дополнителни детали.

Гости на спонзорот на Шкендија, Лазим Дестани, во ложата на тетовскиот стадион беа и претседателот на македонскиот Парламент, Талат Џафери, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, претседателот на ДУИ, Али Ахмети и екс-претседателот на клубот, Абдулменаф Беџети.

Пехарот на шампионите им го додели претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.