Зоран Заев повторно со ред флоскули, ред лаги ја замајува јавноста додека Македонија тоне. Државата економски пропаѓа, народот осиромашува, владее криминалот и корупцијата и бесперспективноста. Македонија со Заев е најкорумпирана држава во Европа, најсиромашна, со најмалку инвестиции и со најнесреќни граѓани.

За сето ова Заев вината или ја бара во граѓаните, или ја бара во опозицијата или ја бара во Европската Унија. А, вистината е јасна, тој работи само за лично богатење и дава закрила на криминалот и затоа Македонија наместо да напредува пропаѓа. Тоа го гледаат и во Европа, тоа го гледаат и во Македонија, а веќе го гледаат во неговата партија. Државата и партијата ја претвори во приватна компанија и се гледа низ призмата на провизиите и личното богатење.

Колку побрзо Заев замине на историското буниште, толку побрзо Македонија ќе напредува и на својот европски пат и на полето на економијата и на секое друго поле.