За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро е понизок од просекот за мај и тоа за 1,63 метри кај Преспанското и за 17 сантиметри кај Охридското Езеро. Сепак, Преспанското Езеро за 12 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. За разлика од нив, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,76 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој месец.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава со исклучок на Струмица на мерното место кај Сушево каде водостојот е малку повисок од просечниот и Пчиња кај Катлановска Бања каде е ист со просечниот. Во однос на вчера најчесто бележат дополнително благо намалување на нивото.