Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски по изјавата пред Фондот за здравствено осигурување, на новинарско прашање околу новите реформи на министерската за образование Мила Царовска, истакна дека укинувањето на учебниците ќе падне на товар на родителите, училиштата и државата. Министерката предвидува целосно укинување на учебниците без да каже колку тоа ќе не чини сите, рече Здравковски.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија има секогаш јасен и прецизен став по однос на ова прашање, ние сме за дигитализација, но меѓутоа не сме за целосно укинување на учебниците како што замислила Царовска. Бидејќи таа во секоја реформа што ќе ја спомене гледа профит. Еве сега гледаме дека ќе почне со укинување на учебниците од четвртото одделение без да каже што и колку пари ќе ја чини државата, посочи Здравковски.

Понатаму тој рече дека Министерката за образование предвидува продолжување со целосно укинување за сите одделенија кои што, ВМРО-ДПМНЕ претпоставува дека ќе донесе многу голем трошок и за родителите и за училиштата и за државата, вели Здравковски.