На два пункта во ЈЗУ Здравствен дом по пауза од неколку дена,од денеска продолжи ревакцинацијата на лицата кои пред три недели се вакцинирани со кинеската„Синофарм“. Како што информира за МИА,д-р Виолета Петковска една од двете лекарки вклучени со свои медицински екипи на двата пункта во ЈЗУ Здравствен дом, денеска од 8 до 13 часот се ревакцинирани 100- тина граѓани ,а ревакцинацијата се одвива во најдобар ред и без никакви проблеми.

Тие на овие два пункта во ЈЗУ Здравствен дом со ревакцинација со кинеската „Синофарм“ ќе продолжат и во наредните дена за лицата кои пред три недели ја добиле првата доза од истата вакцина.

Воедно на Масовниот пункт за вакцинирање против Ковид во салата на ССОУ „Коле Неделковски“ ,во тек е вториот ден од масовната вакцинација, таму доза од „Астра Зенека“ добиваат постари од 60 години кои се пријавиле преку страната на вакцинација.мк.

Како што сме информирани од директорот на ЈЗУ Здравствен дом,Никола Димовски од идната недела на овој Масовен пункт треба да почне и вакцинацијата со прва доза со кинеската „Синофарм“.