„Мојот впечаток е дека постои пробен балон со кој се тестира и се гледа каква ќе биде реакцијата на јавноста. Во истото ова студио и мининистерот за финансии пред нецели два месеци начна тема, а во меѓувреме слушаме и во министерството за финансии дека прават дополнителни анализи. ВМРО-ДПМНЕ е против зголемување на даноци и прогресивно оданочување и доколку дојде до таква одлука од страна на Владата ние остро ќе се спротивставиме“, вели Гордана Димитриеска Кочоска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат направи одлична анализа за тоа што би значело за Македонија евентуалното покачување на даноците и воведувањето на прогресивниот данок. Таа додаде дека иако од власта долго време ни кажуваат дека тоа значело земање пари од богатите и давање на сиромашните, всушнос не е така, затоа што во Македонија само еден отсто од македонските бизнисмени се во таа категорија на богати луѓе. Другите, додава Димитриеска Кочоска, имотите и богаството претежно им е пишано на фирмата и на тој начин не може да се стигне до нив прогресивно, повеќе да ги оданочите.
Како пример го зема премиерот Зоран Заев, за кој сите знаеме дека е добро ситуиран и дека има високо профитабилни бизниси, но најавениот прогресивен данок него не го фаќа.
„Еве сабајлево пред да дојдам овде го отворив анкетниот лист на Зоран Заев и на него ќе видите дека нема ништо. Има имот на родители другото е на фирмата, ние знаеме во каква имотна состојба е тој и сега што ќе зафатите вие до него“, прача Димитриеска Кочоска.
Таа додаде дека со прогресивното оданочување само се прави проблем на бизнисот, затоа што сега прогресивното оданочување ќе значи дека оние кои што имаат повисока плата ќе треба да бидат дополнително оданочени, или фирмата ќе го плати тоа или оние луѓе кои што имаат повисоки плати ќе треба да им се намалат платите, односно еден дел да оди за тој прогресивен данок.
„Тие луѓе се од ИТ индустријата која што знаеме дека заживува во Македонија и тоа е добро. И нив место да ги казнуваме треба да ги поддржиме. Од друга страна финансискиот сектор, значи банкарите, и тие имаат високи плати, фармацијата и толку. На друга страна, ако фирмите имаат дополнително оптоварување од овој прогресивен данок, рачунајте дека тие ќе треба, на некој начин, да ги рационализираат своите трошоци и да посегнат кон отпуштање“, истакна Димитриеска Кочоска.
Димитриеска Кочоска, исто така, истакна дека партијата нема да прифати ниту зголемување на ДДВ-то, како што се заговара на 20%, затоа што, вели, Македонија и така е во инфлација која ја потврдија и светски реномираните институции.
„ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати ДДВ-то да се корегира на ставка 20%, затоа што ние сега имаме инфлација, повторно се заговара покачување на цената на струјата. Она што кај на се случува со инфлацијата е дел поради цената на струјата и дел поради увозните цени“, констатираше Димитриеска Кочоска во дебатната емисија во која се разговараше за можноста за зголемување на даноците и повратното воведување на прогресивниот данок.