Шилегов и Богдановиќ денеска промовираа жардињери, наместо булевари и капитални проекти.
На само 200 метри од местото каде промовираа жардињери и трева се наоѓа објектот дивиградба кој никој не смее да го спомне. Но и местото каде требаше да има нова раскрсница на повеќе нивоа.
На само 500 метри од местото на кое денес беше Шилегов е тврдината Кале, каде требаше да има тунел, а кој го нема.
Срамота е на крај на мандат Шилегов да нема ниту еден капитален проект од значење за градот и да се фали дека работниците на Улици и патишта или Паркови и зеленило поставиле жардињери или засадиле трева што им е секојдневна работа.
Шилегов нема концепт и работи ден за ден. Скопје стагнира со него.