Општина Радовиш донираше 150 брзи ковид тестови за потребите на ЈЗУ „Здравствен дом Радовиш“.

Според информацијата од Општината, тестовите ги предал градоначалникот Герасим Конзулов и притоа остварил средба со раководството на оваа здравствена установа, на која се разговарало за процесот на имунизација на населението.

На средбата градоначалникот Конзулов ја потенцирал општинската поддршка за Здравствениот дом и изразил подготвеност за идна помош.