Денеска почна доградбата на капелата во Ново Село и во наредните 30 денови овој објект треба да биде комплетно завршен и ставен во функција.

Според информациите од оваа локална самоуправа, за доградба на капелата се обезбедени 2 милиони денари од општинската каса.

Доградбата се реализира во соработка со ЈПКД „Комуна“ од Ново Село.