Привршува изградбата на патот во маало Брадиновци, општина Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од општината. Патот во должина од 650 метри се гради со средства обезбедени преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион, финансиран од Бирото за рамномерен регионален развој.
-Градоначалничката Жаклина Јовановска направи увид во градежните работи на патот во маало Брадиновци во Младо Нагоричане, кој е во завршна фаза на асфалтирање во должина од 650 метри. Младо Нагоричане е село кое е најголемо по површина и има најголем број жители во општина Старо Нагоричане- соопштија од општината.
Со асфалтирање на повеќе локални патишта во општината, сметаат надлежните се придонесува за подобрување на секојдневниот живот на населението и подобрување на условите за живот во селските средини.
-Еден од врвните приоритети на локалната самоуправа е поврзување на што поголем број жители на руралните средини со асфалтни патишта, со што значително ќе се подобрат условите за живот, соопштија од општина Старо Нагоричане.