Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски потсети на ветувањата на власта за изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп. Тој вели дека наместо модерен и брз пат за граѓаните од овој дел на Македонија, таму има пустелија.
= Оваа табла сведочи за НЕСПОСОБНОСТА на Заев и СДСМ, она што требаше да е ЕКСПРЕСЕН пат Градско – Прилеп денес е пустелија и пропаѓа.
Експресниот пат почна да се гради во 2015 година, само година и половина подоцна во 2017 година кога Заев дојде на власт го СТОПИРАШЕ и до денес не се гради, а прилепчани, битолчани, ресенчани, могилчани, демирхисарци и крушевчани возат по ТЕСНИОТ и ОПАСЕН пат, по Дервенската клисура и Плетвар.
За ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ИЗГРАДБАТА на овој ЕКСПРЕСЕН ПАТ ќе е ПРИОРИТЕТ број еден!, ветува Николоски.
За ВМРО-ДПМНЕ по победата на изборите ИЗГРАДБАТА на овој ЕКСПРЕСЕН ПАТ ќе е ПРИОРИТЕТ број еден!, ветува Николоски.