Добро е што СДСМ признаа дека пријавата во обвинителство е фалсификувана. Сега нека му го кажат истото и на Вице да не се брука.
СДСМ да го запознаат Вице дека признале, за да не бидат конфузни и смешни.
Следно што треба да направат во ЈО по последното соопштение од СДСМ е да утврдат кој и зошто го фалсификувал документот, односно пријавата, при што е исфрлено името Вице, кај кого требало да завршат 250.000 евра провизија?
Дополнително ЈО веќе има признание од СДСМ, што значи дека во партијата знаат нешто повеќе од тоа што Вице и ЕЛЕМ, каде сега директор е Ковачевски кажуваат.
СДСМ треба да се ослободат од тесната клика на Заев, наместо да лови брифери за нивните криминали.
Очекуваме ЈО да ја сфати сериозно работата, се работи за сомнежи за рекетирање без преседан, и истите мора до крај да бидат расветлени. Одговорност мора да има.
А доколку ЈО не постапи сега, сите кои нема да постапат еден ден ќе мора да кажат зошто не постапиле, но и за тоа да одговараат.