Љупчо Николовски уште еднаш застана во одбрана на корупцијата и криминалот. Наместо да ги лови и осуетува, тој ги охрабрува и поддржува.

Тоа во светот на елитата од власта е за жал нормално. Заев ќе молчи за брзиот напредок на фирмите на братот на Љупчо Николовски, а Љупчо ќе го брани криминалот на Вице.

Чесните членови на СДСМ мора да се оградат од малата криминална клика која ја киднапира и партијата и државата и создаде криминален клан во кој не важат законите на државата, а кои важат за обичните граѓани.

СДСМ мора да се огради и ослободи од криминалци како Вице Заев и луѓе кои бранејќи го криминалот ја уништија Македонија.