Мрзеливиот Шилегов четири години ги преспа, за сега да ветува проекти кои вети дека ќе ги сработи во овој мандат. Но, наместо тоа тој се фокусираше на рушење и полнење на институциите со партиски војници.
Шилегов ветуваше тунели, зиплајн, Универзална, Луна парк, продолжение на жичарницата, нови мостови, рекреативен центар кај езеро Треска кое го уништи и во цел мандат не успеа да реализира ни 10% од својата програма, па затоа сега повторно ја ветува истата.
Скопјани во 4 години на мрзеливиот Шилегов не видоа ниту еден капитален проект, но затоа среде криза видоа скапи играчки диносауруси, со пари кои можеа да се наменат за лекување на ковид инфицираните.
БРТ системот со кој толку се фали мрзеливиот Шилегов, кој не трамвај како што сака да го претстави е само скап систем кој нема да биде решение, туку ќе создаде многу проблеми и ќе ги чини граѓаните 70 милиони евра.
Подземни сообраќајници се научна фантастика за неспособниот Шилегов, па затоа се фрла на нешто со кое ќе замачка очи, но ќе може да испере пари. Наместо да се фали со пожарникарската скала, Шилегов да објасни каде ќе завршат 700 илјади евра повеќе од вистинската сума на скалата, која скопјани се уште ја немаат видео.
За какво намалување на загадувањето се фали мрзеливиот Шилегов кога Скопје во неговиот мандат секојдневно во зимските денови се наоѓа во светскиот врв на најзагадени градови.
Мрзеливиот Шилегов е прочитана книга и залудна му е новата кандидатура на претстојните локални избори затоа што жестоко ќе биде казнет од граѓаните на Град Скопје за целата неспособност, неработа и неразумно трошење на народните пари.