Учениците станаа заложници на бизнис интересите на Мила Царовска и СДСМ.
СДСМ кога ќе спомене реформа, се мисли на профит и полнење на џебот од тие самопрогласени реформи.
СДСМ исфрлајќи ги учебниците од образованието, не значи реформа, туку талибанизам.
Наметнати и вештачки создадени реформи никогаш нема да дадат позитивен резултат.
И додека граѓаните собираат потписи за организирање референдум против дигитализација на учебниците, власта си тера по науменото.
Царовска јавно кажува дека дигитализацијата ќе биде тестирана на учениците од IV одделение без притоа да и одговори на јавноста колку пари ќе чини оваа реформа.
ВМРО-ДПМНЕ е за дигитализација, но меѓутоа не за целосно укинување на учебниците како што замислила власта.