Зоран Заев ќе поднесе измени на закон со кој ќе овозможи извоз на канабис за поголем профит на фирмата на својот братучед.

Заев сака да овозможи извоз на непреработена марихуана, а не како до сега на масло за медицински потреби.

Наместо да работи за граѓаните, работи за фирмите на семејството.

Државата тоа е Заев, тој како Луј 14 се поставува над целиот систем и продолжува да го брани Рашковски кој цела држава го виде со рацете во медот, во набавка на милионски софтвери.

Заев е тргни застани политичар. Без став и без концепт. Битиќи вели има, Заев вели нема кризен данок. Кој лаже?

Ваквите несериозни испади на власта како кризни даноци и зголемување на даноците преку воведување на прогресивен данок го загрижуваат секој сериозен инвеститор, кои ќе почнат да се иселуваат, а нови нема да доаѓаат. Ќе останат само фабриките со марихуана на семејството Заеви.

Со политиките на високи даноци и економска неписменост Заев е на пат да го остави народот без работа и леб.