По повод прераната смрт на претседателот на Планинарско- спелеолошкото друштво„ Бистра" од Кичево,Сашо Божиноски, денеска членовите на друштвото во негова чест ќе го реализираат првиот планинарски марш од Кичево до Манастирски ливади, село Кнежино.
Членовите на друштвото по пристигањето на Манстирските ливади ќе се соберат во локалитетот викан „Одаја", омилено место на Сашо, каде што се очекува да се обрати секретарот на друштвото, Зоран Јованоски.
– За барем малку да му се оддолжиме на починатиот претседател на ПСД „Бистра", Сашо Божиноски, од годинава започнуваме со организираме планинарски марш во негова чест. Божиноски беше повеќе од две децении претседател на друштвото и најзаслужен за неговиот метеорски подем. Имаше за цел да ја истражува природата и да ги освојува врвовите кои беа негова омилена дестинација. Така во дводеценискиот период тој се искачи на Бугарската„ Рила",Грчкиот„ Олимп",Словенечкиот„ Триглав", Македонскиот „Титов Врв" и уште многу,многу планински висови, рече секретарот Јованоски, кој воедно беше и еден од иницијаторите за организирање на овој меморијален марш, бидејќи долги години беше прв соработник на сега покојниот Божиноски.
Тој појаснува дека Божиноски немаше за цел само да освојува врвови ,туку беше целосно посветен на спелеологијата и истражување на сите пештери што се наоѓаат во Кичевскиот регион и има документирано 80 вакви локации во Кичевијата.Мапира поголем број на планинарски патеки во регионот.Ако прерано не заминеше од овој свет, секако дека ќе освоеше уште многу врвови и ќе откриеше многу пештери и планински патеки.