Во пресрет на летната сезона,Територијалната противпожарна единица од Гевгелија е максимално подготвена за дејствување и заштита од пожари,соопштија денеска надлежните од општина Гевгелија.

Тие апелираат до граѓаните да внимаваат кога престојуваат во шумите и во други пошумени или обраснати површини и да не користат запаливи материи со кои би можеле да предизвикаат пожари со пошироки размери.

–Особено ги предупредуваме граѓаните кои патуваат со автомобилски или железнички превоз да не фрлаат догорчиња или неизгаснати цигари преку прозорците за да не предизвикаат пожари по должината на патните комуникации,а лицата кои мора да спроведуваат работни активности на ризични локации,да ги зголемат мерките на претпазливост поради заштита на околината од пожари,предупредуваат од локалната самоуправа.

Од ТППЕ Гевгелија пак стигна информација до граѓаните,доколку забележат знаци на присутен оган или чад на сомнителни места,веднаш да алармираат и да ги известат на телефонскиот број 193.