Екипи на ЈП „Охридски комуналец" почнаа со чистење и уредување на дел од крајбрежјето во потегот на месноста „Лагадин" каде што претходно се работеше на отстранување на бесправните објекти.
За денеска се предвидени активности за отстранување на поситни остатоци од бетон и други градежни материјали, а се врши и уредување на дива вегетација и кастрење на дрвјата.
На овој потег во текот на наредниот период, планирано е да бидат засадени и нови садници на дрвја.
Минатата седмица екипите на јавното претпријатие беа ангажирани и за хортикултурно уредување на потегот на плажата „Горица 3", каде што се засадуваше трева и се вршеа подготвителни активности за засадување на украсно зеленило.
Активности за отстранување бесправно изградени објекти и урбана опрема спроведоа и дел од угостителите во градот, остранувајќи ги платформите пред нивните објекти сместени на самиот брег на езерото.