Според последниот извештај на Министерството за здравство, во последните 24 часа во Велес и велешко нема нови позитивни лица на коронавирусот, а активни се вкупно 21 случај.

Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 11 лица, од кои шест се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и двајца пациенти се со негативен тест, но се задржани на болничко лекување, додека на кислородна поддршка се три лица, информира портпаролот на Велешката болница д-р Елеонора Јованова, посочувајќи дека денеска е испишан еден пациент како оздравен, со негативен тест.