Се уште има новозаболени од Ковид-19 во Кичево, но во помал број. Надлежните од кичевската болница очекуваат овие бројки да се намалуваат уште повеќе и Кичево да се нареди во групата на градови без инфицирани од коронавирусот.

Д-р Неџат Блажи, началник на оддел во кичевската болница истакна дека во овој град бројот на новозаболени од Ковид-19 и пред месец-два бил преголем, но како што рече, и денеска тестирањата покажуваат дека коронавирусот во овој град не е исчезнат.

– Во нашиот град коронавирусот сеуште е присутен и секојдневно имаме новозаболени од Ковид 19 , навистина во помал број но ги има.Така денеска од осум тестирани две лица се позитивни, додека сите што се снимија на ренген имаат негативни наоди. Што се однесува до бројот на хоспитализирани граѓани , до утринава беа четворица за во текот на денот едно лице да биде транспортирано за Скопје, Систина, на барање на семејството, потенцира д-р Балажи.

Што се однесува до имунизацијата во вакциналниот пунк во Кичево, таа се одвива континуирано, со таа разлика што втора недела по ред се врши ревакцинација.

– Во вакциналниот пункт во Кичево втора недела се одвива ревакцинација на постарите лица, кои пред три недели се вакцинираа со кинеската вакцина на „Синофарм“. И оваа недела продолжува ревакцинацијата, набавени се нови количества вакцини, и до крајот на оваа недела очекуваме да се ревакцинираат над 200 наши сограѓани, додава д-р Балажи.